Mission Berlin 18 – Скриената футрола

Share:

Listens: 0

Mission Europe – Mission Berlin | Учење германски | Deutsche Welle

Education


Ана открива дека жената во црвено е шефицата на РАТАВА. Остануваат уште само четириесет и пет минути до крајот на играта. Најважен патоказ за Ана е металната футрола што ја скрила жената во црвено. Одејќи кон улицата „Бернауер“, Хајдрун, Паул и Ана го среќаваат Роберт, сопругот на Хајдрун. Тој ги известува дека низ целиот град има војници. Но, ситуацијата се заострува: повторно се појавуваат моторџиите со црни шлемови. Ана, Паул, Хајдрун и Роберт се засолнуваат во дворот од старата пиварница. Се појавува жената во црвено и Паул и’ објаснува на Ана дека таа е шефица на организацијата РАТАВА. Ана и Паул ја следат и забележуваат дека таа во подрумот крие метална футрола. Тие се спречени да ја земат футролата со себе и затоа мораат да ја скријат на друго место. Соиграчот на компјутерската игра ветува дека ќе најде решение како тие подоцна повторно да ја земат. Но, дали преостанатото време од четириесет минути ќе им биде доволно?