Education
Филип, наспроти очекувањата, жив и здрав известува од Шварцвалд и му се препушта на карневалското расположение околу него. Неговата колешка Паула, пак, има проблеми со карневалските обичаи. Филип ужива во карневалската атмосфера. Карневалската бркотница, пак, влијае сосема поинаку на Паула, која не само што го бара Филип, туку и неговиот украден автомобил. Притоа дополнителни потешкотии и` претставуваат костимите. Згора на сé и Ајхан се шегува со веќе изнервираната Паула. Толку разновидни како костимите за карневал, се и функциите на глаголот „sein“. Во оваа епизода ќе обрнеме внимание на различните дополнувања на глаголот.